Услуги / Сталажи

Сталажи

Зошто сите маркетиншки вложувања на различни медиуми доколку вашиот производ не е воочлив на самото место на продажба?

Со цел подобрување на продажбата и свртување на вниманието на последната алка од синџирот на маркетиншката кампања на местото на средба на купувачот со производот и местото на одлука, се користат ПОС/ПОП материјали.

Во време на голема конкуренција на пазарот, тоа е неизоставен начин за да се издвои еден производ од останатите. Намената на овие дисплеи е широка, од промоција на производ, најава за акција, наградни игри, па до наједнставно, а денес толку неопходно - изложување на производот.

Ние нудиме најразлични типови на картонски и други промо полици, дисплеи, со голема цврстина и носивост, печатени со УВ бои. За помали тиражи користиме дигитален печат како и директен печат на плочести производи, исто така и печатење на материјали во ролни кои дополнително се кашираат на картон, форекс, пена, клирит...

Ние ги изработуваме и брендираме вашите промо дисплеи без разлика на дизајн форма и материјал:

Сталажи од картон

Сталажи од форекс

Палетни омотувачи

Палетни држачи

ПОС штандови

 

Назад кон услуги

Поврзани продукти

Форекс

Форексот е плочест материјал специјално дизајниран за потребите во полето на дигитално печатење. Екстремно лесен со оглед на изгледот и изработката, тој  е бел, мазен, што дава површина идеална за печатење и одличен резултат, посебно за дирек ...

Картон

Картонот е уникатен материјал изработен 100% од рециклирана хартија. Тој преставува саќе од пресуван картон обложено со картонска облога. Тој е прогласен за еден од најеколошките материјали. При негово производство не се користат скапоцени материј ...