Услуги / Брендирање на возила

Брендирање на возила

Автопаркот на една компанија може да биде ефикасно средство за реклама, коешто не е ограничено од рекламен период или место. Нашиот професионален тим се грижи вашата уникатна визија да биде пренесена на брендираните возила.

Добрата изведба/изработка е од клучно значење за ефектот од рекламата на возилото. Работиме со висококвалитетни брендови на фолија (како Авери Денисон, 3М) за која се обезбедени гаранција и најдпбри услови.

Автомобилската графика не е само рекламен носител туку и ефектен начин да се реализираат најразновидни графички идеи. брендираното возило добива силна индивидуалност и атрактивен изглед.

За брендирање можат да се употребат и рефлектирачки фолии, со што се добива поефективен изглед навечер. Шарите и контурите јасно се осветлуваат при осветлувањето од фаровите.

Сите видови на возила можат да бидат брендирани: лесни автомобили, товарни возила од сите типови и транспортни возила. Се разбира, постојат различни типови фолија наменети за разни типови возила, од обична економик самолеплива ПВЦ фолија до специјализирана 3М, како и перфорирана фолија.

Возилата може да бидат целосно или делумно избрендирани, во зависност од саканиот ефект.

Назад кон услуги

Поврзани продукти

Каст фолија / Avery 1900Mpi Latex

Долг век на траење - Полесна апликација - Висока прилагодливост
Каст фолијата е одличен избор за деликатни графички решенија, каде е потребна висока прилагодливост и еластичност на фолијата.

MPI 1900 е сега достап ...

Фолија / Avery 3000

Сјајна бела ПВЦ фолија одлична за принтање на принтер за широк формат. Погодна и трајна во надворешни услови со висок сјај за посупериорен изглед.

Лесна за аплицирање

Добра димензионална стабилност после монтажа
Економич ...

Фолија / Avery 500 Series

Одлична за принтање на принтер за широк формат. Погодна и трајна во надворешни услови. Висок сјај за посупериорен изглед и лесна за аплицирање

Добра димензионална стабилност после монтажа

Економично решение за краткотрајни пром ...